Адеми: На Хрватска и посакувам да победи на сите натпревари, освен против Македонија за која играм јас

Аријан Адеми е повторно во полн ритам и во македонската фудбалска репрезентација и во Динамо Загреб, обидувајќи се да ја достигне формата што ја имаше пред кобната одлука за негова суспензија. Но, тоа е веќе зад него, а сега размислува оптимистички и верува во нови успеси на клупски и на репрезентативен план.

Хрватска ја очекува настап на мундијалот во Русија, а Адеми, кој избра да игра за Македонија иако имаше можност да биде и дел од „коцкестите“, вели дека и посакува многу победи, на сите натпревари, освен на дуел против Македонија.

„Оној момент кога го прифатив повикот од Македонија, бев свесен дека никогаш веќе нема да имам можност да играм за Хрватска. Но, и не се оптоварувам со тие прашања ’што би било кога би било’. На хрватската репрезентација, во која играат голем број мои пријатели, и посакувам победа на сите натпревари, освен на дуел против Македонија“, изјави Адеми за хрватскиот „Гол“.

Тој не бил подложен на нов допинг – тест откако се врати на терените.

„Не, немав нови допинг – тестови. Тоа што го поминав, не би му го посакал ниту на најголемиот крвник“, истакна Адеми.

Се вчитува...