Адеми по прегледите во Германија, и тој неизвесен за септемвриските дуели!?

Покрај сите досегашни проблеми со кои се соочува македонската репрезентација, нов дополнителен е и најавата за отсуство и на еден од најдобрите македонски фудбалери Аријан Адеми.

Адеми има проблеми со грбот поради што беше на прегледи во Германија каде треба да се оцени тежината на неговата повреда, пред да биде донесена одлука дали ќе мора да паузира или ќе може да се стави на располагање на селекторот Милевски.

Аријан Адеми и изминативе натпревари под инјекции настапувал во дресот на Динамо Загреб, меѓутоа сега чувствува болка во грбот поради што најверојатно ќе мора да следи двенеделна пауза за него.

Во текот на утрешниот ден и дефинитивно треба да биде познато дали Адеми ќе може да биде во комбинација за настап против Грузија и Бугарија.

Се вчитува...