ЕКИПА во Прага
Горан Бошев
ФОТО: Роберт Спасовски
Македонската репрезентација го загуби клучниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2024. Во Прага на неутрален терен, Украина со 2-0 го доби дуелот со Македонија, и остана во игра за еворсобирот идната година.
Фудбалерот за врска Аријан Адеми по мечот видно разочаран изјави дека натпреварот го решило тоа што Украинците биле посмирени во клучните моменти.
„Имавме добри шанси, натпреварот беше отворен, а на крајот пресуди тоа што тие беа помирни. Ќе дадеме се од себе во последните два натпревари против Италија и Англија“, изјави Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА