Аријан Адеми беше најдобар фудбалер во редовите на Динамо Загреб на денешниот дуел со Шкупи, македонскиот репрезентативец имаше гол и асистенција, но „модрите“ не успеаја да го совладаат нашиот првак (2-2).
„Имавме контрола над играта, многу добри натпревари, но и многу грешки кои направивме и кои скапо не чинеа. Мислам дека ќе биде многу подобро веќе на следниот натпревар со Славен Белупо, па потоа во вистински ритам ќе го дочекаме и реваншот во Скопје“, изјави Адеми.
Големиот борец ги отфрли коментарите дека конечниот исход е резултат на потценување на противникот од страна на хрватскиот шампион.
„Немаше никакво опуштање, во првите дваесетина минути целосно ги притиснавме во нивната половина, ете тој мој промашен зицер можеше да го одведе мечот во поинаков правец, но тоа не се случи. Дадовме се од себе за да победиме, успеавме и да поведеме, но потоа следеше таа втора грешка и вториот гол на противникот. Немаме многу време, мораме да се консолидираме и на реваншот во Скопје да одиме на победа за пласман во следната рунда“, прокоментира Аријан Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

