Динамо Загреб утре игра дерби против Хајдук на „Пољуд“, во обид да ја намали разликата од моментално водечкиот тим на табелата.
Хрватскиот првак не е во добра форма, а проблемот е што имаат и многумина повредени, и тоа повреди на неколку важни играчи. Тренерот Ненад Бјелица пред ова дерби истакна дека сигурно нема да игра Аријан Адеми, додека Ристовски е под знак прашалник.
„Ги немаме на располагање Адеми, Мишиќ, Невистиќ и Кордоба. Одредени проблеми има и Ристовски, ќе видиме дали ќе може да настапи“, рече Бјелица пред денешниот меч на Хајдук.
На другата страна се очекува Александар Трајковски да биде на располагање на тренерот Џенаро Гатузо за дербито.
Спектаклот на „Пољуд“ започнува утре во 17:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

