Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по кратката авантура во Кина се врати назад во матичниот Динамо Загреб, но засега има лимитирана минутажа и не настапува во европските натпреварувања на хрватскиот гигант.
Но, и покрај тоа капитенот на „модрите“ се најде во центарот на пресконференцијата за медиуми на Динамо Загреб каде говоеше на повеќе теми. Една од нив и предизвикот во хрватското првенство каде клубот од главниот град на Хрватска се наоѓа на третата позиција на табелата со девет бода помалку од лидерот Хајдук, но и два натпревари помалку.
„Не би сакал да го коментирам Хајдук, повеќе сакам да говорам за нас. Изгубивме бодови без кои не смеевме да останеме и се доведовме до оваа состојба, но сега мора да се бориме машки. Имаме два натпревара помалку и мораме да сфатиме дека до крајот мора да бидеме максимално посветени на секој натпревар“, изјави Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА