Динамо Загреб ја потврди својата надмоќ во однос на ривалите во хрватскиот шампионат откако „модрите“ попладнево во големото дерби со Хајдук го декласираа големиот противник со убедливи 4-0.
Аријан Адеми беше меѓу најдобрите поединци на големото дерби на „Максимир“, откако македонскиот репрезентативец го постигна првиот, а потоа и асистираше при вториот гол за Динамо што беше дело на Батурина. Третиот и четвртиот гол за Динамо Загреб беа дело на Иванушец, за доказ за разликата во квалитет меѓу големите ривали.
Оваа победа воедно значи и печат на трката за титулата, ако се знае дека Динамо сега има огромни 11 бода предност, плус меч помалку во однос на второпласираниот Хајдук.
Dinamo 1-0 Hajduk (8′)
The Captain takes the lead for Dinamo! pic.twitter.com/EHa0YcnZWh
— Everything About HNL (@AboutHnl) February 26, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА