Адеми официјално раскина со Динамо Загреб: Пред промоција во Ујпешт!

Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми и официнално го раскина договорот со Динамо Загреб.

Како што потврдуваат од Динамо Загреб станува збор за меѓусебно раскинување на договорот кој траеше до јуни 2026 година. Но, сега се завршува една година порано, со оглед на реализацијата на трансфер на Адеми во унгарски Ујпешт.

Адеми оди во Ујпешт на инсистирање на Дамир Крзнар, поранешниот тренер на Динамо, кој сега ги предводи Унгарците. Иако се споменуваа и други опции во регионот, како и на Блискиот Исток, 34-годишниот Адеми одлучи да ја заврши кариерата во Унгарија.

Адеми ја започна својата кариера во Шибеник, од каде што се пресели во Динамо во јуни 2010 година. Помина една сезона на позајмица во Локомотива, и многу брзо стана стандарден член на стартната единаесетка на Динамо.

Во својата кариера одигра вкупно 420 натпревари во Динамо. Постигна 27 гола и имаше 24 асистенции, а неговите голови во Европа против Пахтакор, Салцбург и Хапоел ќе бидат особено запаметени. Со Динамо, тој освои 12 титули во лигата, шест купа и четири суперкупа.

Запиша и 33 настапи за македонската репрезентација, и четири постигнати гола.

Се вчитува...