Адеми: Она што не ме уби, ме направи посилен

Аријан Адеми мина низ вистински пекол во претходните две години, откако беше обвинет за допинг и казнет со четиригодишна суспензија. Во долгата правна битка македонскиот репрезентативец успеа само да ја преполови казната, па конечно доби дозвола за денеска да почне со тренинзи во својот Динамо Загреб. Во следниот период тој ќе се наметне кај тренерот Цвитановиќ, за конечно да се врати на терените на 7 октомври, кога му истекува намалената суспензија од ФИФА.

Загубив две години од кариерата, можеби и најдобрите на играчки план, тоа ништо не може да ми го врати. Сепак, не гледам така на ситуацијата бидејќи ако си насочен на минатото, тоа може да те „убие“. Јас гледам само кон иднината, фудбалски загубив многу, но созреав како човек, сега ме задоволуваат некои други работи во животот. Си поставуваш нови цели, цениш некои ситници кои претходно не си ги ни забележувал. Она што не ме уби, ме направи посилен“ – истакнува Адеми во интервју за весникот „Спортске новости“.

Македонскиот репрезентативец се наврати и на деновите на пеколно исчекување, кога тврдеше дека не сторил ништо лошо и фрустрациите бидејќи не успевал да го докаже тоа.

Уф, имаше тука многу фази… Имаше и понуди од Косово, а јас секогаш велев дека нема да се предадам. Реално, и доколку ми ја оставеа казнта на четири години, јас ќе се вратвен ан фудбалот. Сепак, има моменти кога помислуваш дека тоа е невозможно, па се надевам на некој пресврт во целиот процес… па пак ќе помислиш дека си го одиграл своето… и повторно зрак надеж дека пак ќе заиграм фудбал. Вистина е, имав огромни кризи, но кога почнав да се стабилизирам преовлада желбата да се вратам, макар и после четири години пауза. Тоа е во мене, играм фудбал од својата петта година и сигурно не би допуштил да го загубам. Не бев виновен, не можев да дозволам така да заврши“ – изјави Адеми.

Во Динамо со нетрпение го очекуваат камбекот на својот екс-капитен, кој важеше за лидер на тимот до суспензијата.

Таков сум како човек и како играч, секогаш давам се од себе. А кога другите ме гледаат како гинам, тогаш и тие го прават истото. Некои работи се променија во фудбалот, но јас се чувствувам подготвен. Физички сум во топ-форма бидејќи никогаш не престанав да тренирам. Не одев на стадион бидејќи имав забрана, но тренирав тенис, падел, па дури и кик-бокс за да останам во форма. Едвај чекам да заиграм за Динамо, тоа ќе биде мојот начин да му се заблагодарам на клубот што цело време ми даваше поддршка во овој тежок период“ – порачува Аријан Адеми во разговорот за „Спортске новости“.

Се вчитува...