Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми освои двојна круна во Хрватска. По шампионската титула, тимот на Динамо Загреб славеше со 1-0 против Хајдук Сплит во финалето на Купот на Хрватска што се одигра во Винковци.
Адеми беше стартер во составот на „модрите“, а единствениот погодок на натпреварот беше дело на Марио Гаврановиќ во 55.минута од дуелот. Тој умешно ја искористи грешката на одбраната на Хајдук и го постигна победничкиот гол на овој финален меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

