Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми не го најде своето место на списокот на регистрирани играчи на Динамо Загреб за настап во разигрувањето за титула во Конференциската лига што наиде на големо незадоволство кај навивачите на „модрите“.
Долгогодишниот капитен на славниот хрватски клуб по враќањето на добро познатото место од Кина не забележа блескави настапи за „модрите“ и се чинеше дека тоа е причината поради која тренерот Сергеј Јакировиќ го „заборави“ Македонецот, но според хрватските медиуми одлуката за овој потег се темели на неговиот договор.
Имено, во договорот на Адеми постојат посебни клаузули поврзани со бројот на настапи за Динамо Загреб кои доколку се пречекорат хрватскиот клуб ќе треба да исплати одредена финансиска сума на Кинезите.
Ако Адеми на повеќе од 15 натпревари одигра повеќе од 35 минути, Динамо е должен да исплати одреден бонус, а со оглед на тоа што Македонецот веќе одигра седум вакви натпревари, тренерот Јакировиќ мора да калкулира со неговата минутажа.
„Модрите“ не сакаат да ги „трошат“ овие натпревари во европските натпреварувања бидејќи сметаат дека имаат доволно квалитет во средината на теренот за да го надоместат неговото отсуство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА