Македонската репрезентација, без сомнение, и тоа како за следниот квалификациски циклус се очекува да има огромно засилување за средниот ред во името на Аријан Адеми.
Фудбалерот на Динамо Загреб по две години пауза поради срамната суспензија од страна на УЕФА повторно се враќа и во репрезентативниот дрес. Адеми нема да може да настапи против Италија во Торинот, со оглед на тоа што на 7. октомври завршува неговата суспензија, но ќе биде во комбинација за настап на дуелот против Лихтенштајн во Струмица.
Аријан денеска го одработи првиот тренинг со репрезентацијата, по повеќе од две години пауза, не криејќи го задоволството што повторно е со репрезентативните соиграчи нагласувајќи ја огромната желба да се врати на фудбалската игра…
„Секако, среќен сум што повторно сум во репрезентацијата… Зад мене сега оставам се, и повторно се враќам со максимален ентузијазам кон фудбалот“ – истакна кратко Адеми пред денешниот тренинг.
По репрезентативните настапи, Аријан Адеми се враќа и во дресот на Динамо Загреб каде, по минатиот период подготовки, повторно се очекува да биде една од клучните алки во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА