Адеми разочаран: Штета, Бог така сакаше…

Динамо Загреб одигра уште една неверојатна европска средба и успеа да го земе скалпот на Милан. Избраниците на Фабио Канаваро беа на фантастично ниво, го совладаа италијанскиот гигант, но на крајот и тоа се покажа недоволно за да се пласираат во следната фаза од Лигата на Шампионите.

Тие имаа 11 бода, исто колку и Манчестер Сити, Спортинг Лисабон и Бриж, но хрватскиот првак на крајот го плати цехот за убедливиот пораз од Баерн во Минхен во првото коло, па поради најслаба гол-разлика во однос на овие екипи се најде на 25. место кое значи елиминација.

„Многу ми е жал, одигравме одличен натпревар. Цела седмица имав некое претчувство дека ќе победиме со Милан и ќе одиме понатаму. За жал, славевме триумф, но не ја добивме наградата што ја посакувавме. Одигравме одличен меч, ги притиснавме, цела екипа беше на највисоко ниво. Честитки до момците, горд сум, штета што не одиме понатаму, но Бог така сакал да биде…“, изјави Аријан Адеми, македонскиот интернационалец во таборот на Динамо Загреб.

Се вчитува...