Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати и во дресот на Динамо Загреб по суспензијата поради допинг што две години го оддалечи од фудбалот, но „модрите“ само ремизираа дома на „Максимир“ против Осијек (1-1). Всушност, Динамо Загреб се спаси од пораз во последните мигови од натпреварот.
Во составот на гостите целиот меч го одигра Музафер Ејупи. Ерос Грезда во 17.минута од натпреварот го доведе Осијек во водство, а Анџело Енрикез во четвртата минута од судиското продолжение донесе бод за Динамо Загреб.
Аријан Адеми влезе во игра во 56.минута, успеа да постигне и погодок, но истиот му беше поништен поради офсајд позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА