Адеми: „Шкендија оди во Струга за да обезбеди финале!“

Шкендија утре во Струга ќе мора да ја „брка“ негативата од првата полуфинална пресметка со Струга ТЛ во Купот на Северна Македонија.

Стружани го добија првиот меч во Тетово со 2-1 и сега Шкендија патува да ја анулира негативата во потрага по пласман во финалето на Купот.

„Тимот е подготвен да прикаже добра игра и да извлече позитивен резултат. И покрај тоа што имаме негатива од првиот меч одигран во Тетово, одиме во Струга да го дадеме својот максимум за да направиме пресврт“ – вели Фитон Адеми, притоа дополнувајќи:

„Ќе биде многу тежок натпревар, бидејќи првиот натпревар заврши негативно за нас. Гледајќи ги резултатите во првенството, Струга единствениот пат кон Европа го гледа преку Купот и ќе се обидат да дојдат до финалето. Но, ние одиме да дадеме максимум и да се обидеме да победиме и да обезбедиме финале“.

Се вчитува...