Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по пауза од две години и официјално конечно се врати на професионалниот фудбал.
Адеми вечерва го одработи првиот тренинг по две години за својот Динимо Загреб притоа со овации низ шпалир пречекан од соиграчите и присутните навивачи на „модрите“.
Фудбалерите на Динамо Загреб изразија огромна почит кон својот капитен, отворено изразувајќи го задоволството од неговото враќање…
Аријан Адеми првиот свој официјален натпревар ќе може да го игра на почетокот на октомври оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА