Адеми стрелец во победата на Динамо над Осијек (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Аријан Адеми стави крај на постот без постигнат гол од крајот на месец јануари стрелајќи во средбата против Осијек за победа на Динамо Загреб од 2-0 против Осијек во 29. коло од хрватскиот шампионат.

Капитенот на „модрите“ ја затресе мрежата во 69. минута, само 15. минути откако доби шанса од клупата за резерви потврдувајќи ја презначајната победа на својот клуб со која воедно беше ставен крај на низата од два натпревари без славје.

Се вчитува...