Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше стрелец за Динамо Загреб на првиот пријателски натпревар во новата година кој го имаа „модрите“.
Динамо Загреб славеше со 5-0 на тестот во Ровињ против селекцијата на Истра, а Адеми беше стрелец на третиот гол за својот тим во 23. минута од средбата.
Хрватскиот тим, по оваа контрола, од среда заминува во Анталија, Турција, каде ќе биде одработена втората фаза од подготовките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА