Адеми: Во Трнава не чека најтешкиот дуел сезонава во Европа

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го очекува својот 53-ти натпревар на европска сцена во дресот на Динамо Загреб. Од сезоната 2010/2011 Адеми ги почна настапите за Динамо во натпреварувањата под капата на УЕФА па досега зад себе остави 52 меча.

Вечерва „модрите“ ги очекува гостување против Спартак во Трнава…

„Минав во Европа со Динамо и многу радости и многу победи, и многу порази и разочарувања во минатото. Сега сакаме успешна европска сезона. Одлично почнавме и мора на тој начин и да продолжиме. Подготвени сме за дуелот со Спартак. Атмосферата во тимот е одлична, навистина дишеме како еден. Многу направивме оваа сезона со победи против тимови како Фенербахче и Андерлехт, но сега не чека најтешкиот меч. Најтежок затоа што мора да победиме. Се што досега направивме е само добар темел за тоа што наредните натпревари вистински треба да го заокружиме“ – вели Адеми пред дуелот со Спартак Трнава кој се игра денеска со почеток од 18:55 часот.

Се вчитува...