Адемола Лукман требаше да ја напушти Аталанта на почетокот на оваа сезона, но тоа не се случи. За повремениот англиски репрезентативец беа заинтересирани многу европски клубови, а неговиот трансфер во ПСЖ пред почетокот на новата сезона беше речиси решен.
Сепак, тоа не се случи и покрај тоа што Лукман отсуствуваше на првиот натпревар на Аталанта во сезоната, токму поради преговорите. За Лукман се уште се интересираат многу клубови, а во трката влезе уште еден, се работи за премиерлигашот Вест Хем.
На „чеканите“ им треба засилување на крилната позиција, особено што Лопетеги сака да го користи Боуен како напаѓач. Лукман би придонел многу во тимот на Вест Хем. Лукман веќе играше во Англија за Евертон, Фулам и Лестер, па Премиерлигата му е познат терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА