Милвоки предводен од Јанис Адетокумбо стигна до лесна и убедлива победа над Атланта хоукс (129-115). Гостите настапија без повредените Јанг, Богдановиќ и Капела, а грчкиот ас на Милвоки го искористи тоа за да доминира на теренот. Адетокумбо го заврши натпреварот со 23 поени, 14 скокови и осум асистенции, а имаше и одлична помош од Портис (21 поен) и Мидлтон (19 поени).
Портланд и без повредените Мекалум и Нуркиќ забележа победа над Њујорк (116-113). Иако конечниот резултат е минимален, треба да се напомене дека Портланд доминираше на оваа средба, во текот на второто полувреме водејќи и со 24 поени разлика. Лилард со 37 поени го предводеше Портланд во овој триумф, додека Кикли со 29 поени беше најефикасен во редовите на Њујорк.
Бостон ја прекина серијата од три порази откако со импресивна игра го деклсираше Кливленд со 141-103. Џејлен Браун беше главна фигура на овој натпревар, постигнувајќи 33 поени за само 19 минути игра, апсолутен рекордер во историјата на НБА за играчи кои минале на теренот помалку од 20 минути на еден натпревар.
Резултати НБА:
Индијана – Торонто 102-107, ЛА Клиперс – Оклахома 108-100, Бостон – Кливленд 141-103, Орландо – Шарлот 104-107, Милвоки – Атланта 129-115, Сан Антонио – Вашингтон 121-101, Портланд – Њујорк 116-113.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

