Адетокумбо ќе ја предводи Грција на Евробаскет 2025

Грција ќе биде во својот најсилен состав за претстојниот Евробаскет 2025 откако Јанис Адетокумбо му се ставил на располагање на селекторот Василис Спанулис за наредниот континентален собир.

Грчкиот „ѕвер“ беше најдобар стрелец на ОИ во Париз со 25,8 поени по натпревар, но неговата репрезеентација го освои скромното осмо место во ова натпреварување. Тоа е само мотив повеќе за Јанис да се врати назад во националниот тим и летово да се обиде да нападне медал.

„Тоа е она што го градиме во текот на летото, не само јас и Јанис, туку тимскиот дух во целата репрезентација. Тој навистина искрено уживаше во целата олимписка приказна, од квалификацискиот турнир до самите Игри во Париз. Сака да игра за репрезентацијата, максимално е мотивиран за работа и за настапи за Грција ова лето“, изјави селекторот Василис Спанулис.

Евробаскет 2025 ќе се одржи од 27 август до 14 септември, а земји-домаќини на овој континентален собир ќе бидат Финска, Полска, Летонија и Кипар.

Се вчитува...