Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо го напушти натпреварот во втората четвртина од гостувањето против Кливленд откако почувствува болка во препоните на левата нога.
Клубот и играчот ги чекаат резултатите од магнетната резонанца, но некои американски новинари известуваат дека повредата би можела да ја оддалечи грчката ѕвезда некое време.
„Го прашав што не е во ред, и ми рече дека се е во ред. Меѓутоа болката повторно беше видлива на неговото лице. Повторно ми кажа дека се е во ред, а потоа третиот пат не го прашував ништо, затоа што го напушти теренот“, рече тренерот на Милвоки, Док Риверс.
Гркот оваа сезона игра на високо ниво. Има просек од 32,6 поени по натпревар, 11,3 скока и 7,1 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

