Јанис Адетокумбо се наоѓа во топ-форма, тоа на своја кожа го почувствуваа кошаркарите на Чикаго, губејќи на гостувањето против Милвоки со 122-106. Грчкиот ас одигра уште еден „ѕверски“ меч, реализирајќи 41 поен, 9 скокови и осум асистенции, помош доби од Брук Лопез со 21 поен, додека најефикасен кај Чикаго беше Зек Лавајн со 27 поени.
Филаделфија влезе во сезонава со желба да се бори за титулата, затоа шокантно делува податокот дека овој тим по првите 14 меча има само две победи и 12 порази, со што е последен во Источната конференција, воедно и тим со најслаб скор во целата НБА-лига. Мемфис беше тимот што рано утрово ја совлада Филаделфија (117-11), Џексон со 25 поени и Бејн со 21 поен и 10 скокови беа најефикасни во победничкиот тим, додека на гостите не им помогна добрата партија за Ембид и неговиот дабл-дабл од 35 поени и 11 скокови.
Њујорк триумфираше на гостувањето против Феникс со 122-138, па никси за првпат во последните 16 години постигнаа над 130 поени на два меча во низа (пред неколку дена славеа со 134 над Вашингтон). Брансон беше во главна улога кај Њујорк со 36 поени и 10 асистенции, додека Таунс реализираше 34 поени и 10 скокови.
Резултати НБА:
Кливленд – Њу Орлеанс 128-100, Милвоки – Чикаго 122-106, Хјустон – Индијана 130-113, Мемфис – Филаделфија 117-111, Оклахома – Портланд 109-99, Голден Стејт – Атланта 120-97, Феникс – Њујорк 122-138, ЛА Клиперс – Орландо 104-93.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА