Леброн Џејмс на гостување на подкастот „The Pat McAfee Show“ говореше на повеќе теми, а една од нив беше и Јанис Адетокумпо, грчкиот репрезентативец кој оваа сезона бележи во просек 30.2 поени по натпревар.
Според „Кралот“ доколку крилниот центар на Милвоки настапувал во НБА лигата во 70-тите години на претходниот век тој би бил незапирлив.
„Сакаш да ми кажеш дека Јанис не би можел да игра во НБА во 70-тите? Адетокумпо би имал 250 поени на натпревар во 70-тите“, изјави Леброн Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА