Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумпо ја продолжи верноста кон Милвоки Бакс и ќе остане дел од тимот од Висконсин до 2028 година, период во кој ќе заработи 186 милиони долари.
Гркот пропушти прилика да добие уште поголема сума на пари со оглед на тоа што доколку ставеше потпис на нов договор на крајот на сезоната ќе можеше да потпише четиригодишен договор вреден 250 милиони евра.
Сепак парите не се од толку големо значење за Адетокумпо судејќи по неговата изјава по продолжувањето на договорот.
„Тоа беше прв пат да потпишам договор без да гледам што потпишувам. Не знаев за колкава сума станува збор. Потпишав бидејќи сакав да бидам тука“, изјави Адетокумпо.
Ѕвездата на Милвоки во минатото изрази незадоволство со клубот со оглед на тоа што не беше конкурентен во битката за титула, но сега Гркот доби екстра засилување во Дамиен Лилард па чувствата се променија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

