Милвоки Бакс загуби од Бруклин Нетс со 110-113 во драматична завршница. Домашните кошаркари имаа шут за изедначување, кој по интересна акција, за жал не го реализираше Дамиен Лилард.
По средбата грчката суперѕвезда беше запрашана за акцијата, а откри дека таа ремек дело на најтрофејниот тренер во Евролигата, српскиот стратег Жељко Обрадовиќ.
„Одлична акција на тренерот Док. Ја обожавам таа акција. Тоа е акција на Жељко Обрадовиќ ов ремето кога беше во Фенербахче. Секогаш ти дава отворен обид. Повеќе пати ја користевме“, изјави Адетокумпо.
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) January 3, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА