Грција со тројца браќа Адетокумбо на СП во Кина

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Грција, Танасис Скуртопулос го објави поширокиот список од 18 кошаркари кои ќе ги почнат подготовките за Светското првенство во Кина.

На списокот се наоѓа и првата ѕвезда и МВП од регуларниот дел во НБА лигата, Јанис Адетокумбо. Покрај него на списокот се и неговите браќа Танасис и Костас. На списокот се наоѓаат и искусните Ник Калатис, Јанис Бурусис, Јоргос Принтезис и Костас Слукас.

Грција на Мундобаскетот се наоѓа во групата Ф заедно со репрезентациите на Бразил, Црна Гора и Нов Зеланд.

Се вчитува...