Милвоки славеше против Сан Антонио со 125-121 во синоќешниот натпревар од НБА лигата, предводен од Јанис Адетукомбо со 44 поени, 14 скока и седум асистенции.
Демијан Лилард постигна 25 поени, дополнети и со 10 асистенции, а Крис Мидлтон заврши со 12 поени.
Во редовите на Сан Антонио, најефикасни беа Девин Весел со 34 поени и шест скока, и Виктор Вембанјама, кој на својот 20-ти роденден, постигна 27 поени и имаше девет скока и пет блокади.
Беше тоа вистинска пресметка на двајца кошаркари со некарактеристични физички предиспозиции, Јанис Адетукомбо и Виктор Вембанјама, кој на крајот му припадна на грчкиот кошаркар.
Милвоки со оваа победа е втор на Истокот со 25 победи и 1о порази, а Сан Антонио врза и четврти пораз запишувајќи вкупно 29 порази, со што се најлош тим на Западот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

