Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ ова лето и дефинитивно ќе замине од Јувентус откако пропаднаа и последните преговори за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.
Јувентус нема намера да го задржи Србинот и во следната сезона која му е последна во договорот па со цел што помала загуба од трансферот ќе го продава за околку 30 милиони евра. Влаховиќ пристигна во Јувентус за 80 милиони евра па се очекува голема загуба за фудбалерот кој не ги исполни очекувањата во Торино.
За ангажман на Влаховиќ интерес покажуваат повеќе клубови од Англија и Турција. Најблиску до исполнување на неговите финансиски барања е Фенербахче кој му нуди плата од 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

