„Адио“ Пиоли: Роналдо и Ал Наср добиваат нов тренер

Саудиски Ал-Наср одлучи да се раздели од својот тренер Стефано Пиоли по уште едно разочарување оваа сезона, па затоа клубот ќе бара нов тренер во текот на летото, објавија локалните медиуми.

Како што е познато, Ал-Наср го заврши учеството во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони и со тоа трпението на сопствениците на клубот е исцрпено со оглед на настапот на тимот во саудиското првенство, каде што е на третото место на табелата. Па така, по завршувањето на кампањата, „жолто-сините“ ќе бараат нов тренер за суперѕвездата Кристијано Роналдо и неговите соиграчи, иако италијанскиот специјалист ја презеде функцијата минатиот септември.

Од друга страна, се очекува Пиоли да не чека многу на нов ангажман. Тој се поврзува со трансфер во Рома, на местото на Клаудио Раниери кој по завршувањето на сезоната и дефинитивно заминува во пензија.

Исто така има шанси да стане тренер и на Јувентус, ако тимот од Торино се одлучи да се раздели со Игор Тудор, кој има договор до крајот на сезоната.

Се вчитува...