На финансиската криза на Интер и се ближи крајот откако кинеските газди изразиле подготвеност да го продаде актуелниот италијански првак.
Групацијата „Сунинг“ успеа да го врати Интер на врвот на Калчо-лигата, но притоа создаде огромни финансиски долгови што не може да ги покрие. Кинези долго време се мачеа да најдат богат спонзор што ќе вложи значителна сума во клубот, за на крајот да се решат да го продадат Интер.
Новиот газда е веќе подготвен, најбогатиот човек во светот на фудбалот, Мохамед бин Салман, кој по купувањето на Њукасл е подготвен за создавање на фудбалска империја ширум Европа. Уште пред десетина дена беше објавено дека Бин Салман понудил една милијарда евра за да стане нов газда на Интер, а според последните информации челниците на Сунинг се многу блиску до прифаќање на таа понуда.
Доколку преземањето на клубот се комплетира до крајот на годинава, јасно е дека Интер ќе има многу пари за трансфери, за веќе во јануари да доведе врвни засилувања со кои „нероаѕурите“ повторно би се вмешале во борбата за скудетото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА