Адопо го елиминираше Милан од Купот на Италија

Торино се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија откако славеше против Милан со 0-1. Херој на гостите беше 22-годишниот Адопо кој во продолжението успеа да ја затресе мрежата на „росонерите“.

Торино остана со играч помалку од 70. минута кога втор жолт картон доби Џиџи, но „росонерите“ не успеаја предноста на теренот да ја претворат во гол. Мрежите мируваа со крајот на регуларниот дел и првото продолжение, а Адапо успеа да го совлада Татарусану во 114. минута.

Се вчитува...