Адријана Лима е новиот главен амбасадор на навивачите на меѓународната фудбалска федерација. Бразилскиот супермодел ќе ја претставува ФИФА на меѓународните манифестации посветени на љубителите на фудбалот. Првата задача ќе ја има на престојните „The Best“ награди кои ќе се одржат во Париз.
Задоволството од соработката не го криеше првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино кој вели дека соработката ќе донесе многу на најважната споредна работа на светот.
„Кога ќе ја запознаете Адријана веднаш ја чувствувате нејзината топлина, љубезност и колку таа е отворена и покажува страст за фудбалот. Таа живее и дише за нашата игра. Затоа ќе биде одлична врска помеѓу ФИФА и навивачите ширум светот“, изјави Инфантино.
Introducing the first FIFA Global Fan Ambassador 🙌
In this role, @AdrianaLima will develop, promote and participate in several global initiatives involving fans from all over the world!
— FIFA (@FIFAcom) February 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА