Најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова постави нов државен рекорд на најдолгата делница, 42.195 километри. Таа за седум минути го подобри своето најдобро време и постави нов рекорд кој изнесува 2:52.52 часа.
Таа беше најдобропласирана Македонка на маратонската трка и заврши на седмата позиција. Првото место и припадна на Јунис Мучири од Кенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА