Адријана Поп Арсова е првата македонска атлетичарка со резултат под три часа на маратонска трка. Таа повторно го подобри националниот рекорд во најдолгата дисциплина, трчајќи резултат од 2.59.43 час на маратонот во Подгорица.
Претходниот рекорд кој исто така и припаѓаше на Виничанката изнесуваше 3.00.37, а го постави на маратонот во Анјдховен пред само две седмици.
Со овој резултат, Поп Арсова беше четвртопалсирана меѓу атлетичарките на трката во главниот црногорски град.
Претходно Поп Арсова двапати го подобруваше македонскиот рекорд, а сега првпат успеа да ја надмине бариерата од три часа. Андријана Поп Арсова е државна рекордерка и во полумаратон и на 10.000 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА