Легендарниот бразилски напаѓач Адријано одлучи да му се врати на фудбалот во својот роден Бразил. Тој има голема желба повторно да се врати на големата сцена, иако има 35 години. Вели дека ќе игра бесплатно за својот Фламенго.
„Фламенго секогаш беше дел од мене. Јас сум подготвен повторно да заигра, не треба ништо да ми платат. Едноставно сакам повторно да се вратам на фудбалскиот терен“, изјави Адријано.
Тој во 2000 година ја почна својата кариера токму во Фламенго, а потоа играше за Интер, Парма, Рома, Коринтијанс, а во меѓувреме се врати и во Фламенго. За репрезентацијата на Бразил постигна 27 гола на 48 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА