Адвокатот на Роналдо: Договорот од 2009 година не е признание за вина

Адвокатот на Кристијано Роналдо, Питер Кристијансен, кој бил дел од преговарачкиот процес со Кетрин Мајорга во 2009 година цврсто застана во одбрана на португалскиот фудбалер, посочувајќи дека тој договор никако не треба да се разбере како признание на вина.

Адвокатите на Роналдо и на Мајорга се согласиле фудбалерот да плати 288.000 долари за вонсудска спогодба, но случајот повторно е активиран на барање на 34-годишната Американка, откако во меѓувреме германскиот весник „Дер Шпигел“ објави детали од целокупната случка, заедно со сведочењето на Мајорга.

„Бев најмен да го претставувам Кристијано Роналдо во цивилната поплака против него за случките што наводно се случиле во 2009 година, за што беше постигнат договор меѓу двете страни во 2010 година. Со оглед на фактот дека тој договор веќе не е важечки со објавување на нови обвиненија против мојот клиент, тој веќе не е должен да седи и да молчи, туку треба пропорционално да одгговори на нив. Да биде јасно, Кристијано Роналдо ги одбиваше и сите обвиненија за време на цивилната постапка, но беше советуван од страна на свои блиски лица да направи спогодба за да стави крај на таа епизода. Документите кои сега се објавуваат во медиумите се чиста измислица. Кристијано Роналдо и тогаш, исто како и сега, тврдеше дека имал однос со жената што го обвинува, но тој бил на обострана желба. Ваквиот вид на обвинувања се чести во САД, Роналдо е навикнат да биде во центарот на вниманието на медиумите, но вакво однесување од страна на одреден весни, базиран на украдени и лесно манипулативни дигитални документи е срамен“ – тврди Кристијансен.

Се вчитува...