Грчкиот прволигаш АЕК е првиот финалист во ЕХФ Европскиот куп, во кој оваа екипа би можела да се сретне со Алкалоид доколку освојувачот на Купот на Македонија успее во желбата да го елиминира и норвешки Рунар во утрешниот реванш од полуфиналето.
Ракометарите на АЕК вечерва загубија на гостувањето против Извиѓач со 28-24, но како пресуден се покажа фактот дека грчкиот тим славеше на првиот дуел со убедливи 37-28, што му го донесе и билетот за големото финале. Марио Матиќ со шест гола беше најефикасен кај АЕК, пет постигна Туре, а одлична игра прикажа голманот Јан Генти, искусниот 43-годишен француски чувар на мрежата кој имаше 13 успешни интервенции.
Алкалоид има пет гола предност од првиот меч во Скопје против Рунар Сандефјорд, позитива што македонскиот претставник ќе се обиде да ја одбрани на утрешниот реванш во Норвешка за да се избори за финале против АЕК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА