АЕК ќе ја именува арената во чест на прерано починатиот Стефан Јеловац

Неполна година по трагичната смрт на српскиот кошаркар Стефан Јеловац, неговиот последен клуб атински АЕК ќе му оддададе голема чест именувајќи ja арена која е во реконструкција по него.

Оваа одлука е донесена на последното заседание на раководството, а детали за официјалната церемонија ќе бидат познати наскоро.

„На состанокот на 7. септември донесовме одлука да оддадеме чест на нашиот прерано починат играч. Арената која моментално се реновира ќе го носи името „Стефан Јеловац“. Деталите за официјалната церемонија на отварање ќе бидат познати наскоро“, стои во соопштението на грчкиот клуб.

Јеловац трагично го загуби својот живот на 5. декември во Белград откако претходно на тренинг на грчкиот тим доживеа мозочен удар.

Се вчитува...