АЕК Ларнака и македонскиот интернационалец Иван Тричковски во новата сезона ќе бидат дел од Лига Европа откако успеаја да слават во двомечот против украински Днипро. Кипарскиот тим имаше предност од 2-1 по првиот натпревар, а пласманот во групната фаза го потврди со убелива победа од 3-0 на островот.
Македонецот не настапи на денешниот натпревар на кој до победа АЕК Ларнака го предводеа Адам Ѓурчо со гол во 21. минута, Рафа Лопез кој стрелаше во 45. минута и Енглезу кој го завери триумфот во 78. миниута.
За кипарскиот тим ова воедно значи и враќање во натпреварувањето во кое последен пат заиграа во сезоната 2018/19.
𝐂𝐎𝐌𝐈𝐍𝐆 𝐁𝐀𝐂𝐊 🔰 pic.twitter.com/hBZL77CBeD
— AEK Larnaca (@AEKLARNACA) August 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА