АЕК, поради навивачите, исфрлен две години од европските натпреварувања

УЕФА го казни грчкиот шампион АЕК со две сезони забрани за настап во европските натпреварувања.

Атинскиот клуб, кој сезонава се натпреваруваше во групната фаза од Лигата на шампионите, е казнет поради инцидентот на навивачите кои со пиротехнички материјали ги нападнаа гостинските навивачи на мечот против Ајакс.

АЕК е казнет и со 90.000 евра и играње потоа на следните два европски меча пред празни трибини. Грчкиот клуб се извини за инцидентот ветувајќи дека во иднина ќе преземе, заедно со државата, соодветни мерки против хулиганите.

АЕК во моментов е трет во Суперлигата на Грција, зад ПАОК и Олимпијакос.

Се вчитува...