АЕК се мобилизира пред финалето со Алкалоид: „Дојдете да доживеете уникатен спектакл!“

Огромна еуфорија владее во Грција во очекување на финалето од Европскиот ЕХФ куп на АЕК против еден од најдобрите македонски клубови, Алкалоид.

Домаќините максимално се мобилизираат објавувајќи дека досега се продадени околу 5.000 билети за неделниот спектакл, па со поддршка од трибините веруваат дека ќе се изборат за солидна предност пред реваншот за седум дена во Скопје.

„Знаеме дека не чека многу силен противник. Не треба да брзаме на натпреварот, туку смирено и трпеливо да ја градиме нашата можност. Сериозно, смирено, го повторувам тоа, и со многу концентрација на овој дуел. И покрај големата важност на натпреварот, главно е да не брзаме со стратегијата. Ги повикувам навивачите да дојдат и да уживаат во ова уникатно искуство, врвен европски натпревар“ –  вели тренерот на АЕК, Фредерик Бужан.

Првиот натпревар од финалето меѓу АЕК и Алкалоид во Атина се игра во недела (18 мај) од 18 часот по македонско време, а реваншот во Скопје ќе биде една недела подоцна, на 25 мај во спортската сала „Борис Трајковски“.

Се вчитува...