АЕК со понуда за Ристовски, Спортинг веднаш ја одби

Како што се приближува крајот на преодниот рок во фудбалска Европа, се поголеми се шансите Стефан Ристовски повторно да извиси за трансфер и да остане „врзан“ во вториот тим на Спортинг Лисабон. Македонскиот десен бек влезе во конфликт со тренерот на Спортинг, одби да биде продаден, па последните месеци ги мина тренирајќи со резервниот тим.

Ристовски очекуваше да биде продаден на почетокот од месец јануари, но преговорите одат тешко поради инсистирањето на португалскиот клуб на отштета од 2,5 милиони евра. Поранешниот грчки првак АЕК делуваше најзагреано за македонскиот репрезентативец, но понудата што тимот од Атина ја испрати експресно биле одбиена од португалскиот клуб.

АЕК нема намера да ја плати сумата што ја бара Спортинг, а според португалскиот весник „Абола“ прашање е дали Грците би можеле да ја покријат платата од 500.000 евра годишно што Ристовски ја заработува во Лисабон. Се чини дека грчкиот тим на крајот од преодниот рок ќе оди на опција за позајмица до крајот на сезонава, но тешко е да се поверува дека Спортинг ќе се согласи на друга варијанта освен на перманентен трансфер на Македонецот.

Претходно како опции за Ристовски се споменуваа и Олимпијакос, Динамо Москва, Фиорентина…

Се вчитува...