АЕК со алиби-соопштение: Тешка, но неопходна одлука – Не дозволивме неправда

АЕК преку кратко соопштение се огласи кон јавноста, во кое грчкиот клуб обелодени дека одбил да го одигра реваншот против Алкалоид поради забраната на македонските власти навивачите на АЕК да дојдат во Скопје и да го бодрат овој тим во салата „Борис Трајковски“.

„АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности… АЕК значи семејство, значи обединетост. Најголемата поддршка ја добиваме од нашите верни навивачи, а непочитување на тие навивачи значи и непочитување на АЕК. Затоа, нашата управа денеска едногласно донесе тешка, но неопходна одлука.

Нема сила што може да нанесе неправда, како што локалните власти се обидоа, кулминирајќи со недозволувањето на дел од нашите навивачи да ја минат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок. Сите сме тука, продолжуваме обединети, не преговараме за гордоста на АЕК“, се вели во соопштението на атинскиот клуб.

Се вчитува...