AEK цела година без публика поради инцидентите на мечот со Хапоел

Кошаркарскиот клуб АЕК доби многу остра казна поради нередот што го направија навивачите на атинскиот клуб на мечот со Хапоел. Навивачите на овој тим нема да гледаат европска кошарка во живо следната сезона, потврдија од ФИБА.

Во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, навивачите на АЕК направија хаос во салата „Ано Лиосија“. Навивачите на грчкиот тим гаѓале со разни предмети кон навивачите на Хапоел при што се повредени неколку симпатизери на израелскиот тим. Исто така, кон навивачите од Ерусалим полетаа петарди, а беше запалено и израелско знаме, додека навивачите од Атина како провокација вееја палестински знамиња.

Поради сето ова, АЕК добива исклучително строга казна, па нема да ја има поддршката од своите навивачи во текот на целата наредна сезона во Лигата на шампионите на ФИБА. Ќе плати и казна од 50.000 евра за непристојно однесување.

Се вчитува...