МЗТ Скопје го одбрани трофејот во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ откако славеше во драматична завршница против Кожув со 71-65 на крилја на неверојатниот Војдан Стојановски.
Во неефикансата прва четвртина подобар противник беше Кожув кој имаше резултатска контрола од првата минута за предност од 11-18. Аеродромци успеаја да одговорат со подобра игра на двата дела од теренот до крајот на полувреме па со тоа и да ја анулираат негативата за 32-31 во 20. минути игра.
Изедначениот натпревар продолжи и во второто полувреме кое го одбележаа големиот број на промени во водство. На влезот на одлучувачката четвртина на семафорот стоеше резултат 55-52, а неизвесниот натпревар траеше се до последните 40 секунди од средбата кога на сцена настапи најискусниот во „сино-белиот“ дрес Војдан Стојановски.
Стојановски при резултат 63-62 погоди шут за три поени од „невозможна“ ситација за предност од два напади на аеродромци по што во „пенал-завршницата“ мирната рака на шампионот му донесе уште еден трофеј.
Со 16 поени и седум скокови Гил беше лидер на МЗТ Скопје, додека него го следеа Војдан Стојановски и Мекејден со по 13 поени. 21 поен за Кожув постигна Пурвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

