Аеродром ја доби градската пресметка со Скопје

Ракометниот клуб Аеродром дојде до вториот триумф сезонава во Супер Лигата, откако денеска го совладаа Скопје на гости со 36-33. Избраниците на Петровски имаа проблеми во вториот дел, губеа, но на крајот стигнаа до триумфот.

Во текот на првиот дел речиси цело време беше израмнето, за на крајот домашните да дојдат до предност од 18-15, но Аеродром успеа со два гола да намали на минус еден по првиот дел.

Во вториот дел Скопје неколку пати водеше со три гола разлика, меѓутоа сето тоа беше анулирано, а во финишот „Аердоромци“ имаа повеќе сили за пресврт и на крај за триумф од 32-29.

Костов постигна 12 гола за Аеродром, но 10 беа од пенал.

Се вчитува...