Сезоната 2024/25 во македонската кошарка започна онаму каде што застана во месец мај со финален натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер по кој исходот е идентичен – трофеј за „сино-белата“ страна на Скопје.
Аеродромци одново го надиграа битолскиот состав славејќи на повратничкото деби на својот поранешен тренер, Александар Петровиќ на клупата на Пелистер во натпревар во кој победникот беше решен благодарение на подобрата игра на актуелниот шампион во второто полувреме.
Почетокот на новата сезона во мак-баскетот наговести интересни битки, но доколку „по утрото, денот се познава“ тогаш најголемите ривали ќе имаат тешка задача да ја запрат аеродромската доминација која брои осум трофеи во низа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА