МЗТ Скопје стигна до десеттиот куп-пехар, сос што Работнички веќе не е најтрофеен клуб во ова натпреварување. Аеродромци доминираа од почеток до крај во ова финале, па и покрај обидите на „црвено-белите“ за камбек, МЗТ покажа дека поседува и квалитет искуство за да не дозволи пресврт како тоа што беше случај на последниот прволигашки меч на овие два тима.
„Сино-белите“ покажаа најмногу на овој завршен турнир, заслужено го кренаа пехарот што дополнително ќе ја крене самодовербата и во пресрет на плејофот и битката за шампионската титула.
За потсетување, плејофот на кошаркарската сцена почнува веќе в среда, а двојките се исти како и во четвртфиналето од Купот на Македонија: Пелистер – Академија ФМП, МЗТ Скопје – Куманово, Работнички – ТФТ и Еуро Никел – Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА